ИИЦ ДОО, компанија која е основана од 01.02.2012 год.и е специјализирана во областа на финансии, сметководство и човечки ресурси.
Тимот на ИИЦ ДОО работи заедно и беспрекорно функционира повеќе од 12 години.
ИИЦ ДОО, професионално и успешно ги покрива своите услуги од областа на финансиите, сметководството, даночното советување и човечките ресурси, приближувајќи ја законската регулатива на нашите клиенти странски инвеститори во земјата.
ИИЦ ДОО е респектабилна компанија основана со цел да опслужи што повеќе клиенти, а воедно да го задржи квалитетот на највисоко ниво. Покрај тоа што нашата компанија се грижи за бизнисот на клиентите, водејќи грижа за сметките и финансиите, ИИЦ ДОО, работи со своите клиенти како внатрешен партнер, се истакнува со својата лојалност и дискретност, стремејќи се клиентот да го приближи до себе и да создаде блиска релација и чувство како да работи за себе.
Приоритетна цел на ИИЦ ДОО е развивање и проширување на бизниснисот на клиентот, бидејќи правилно работење со финансиите е главен фактор за успешноста на еден бизнис. Секогаш стремејќи се да го подобриме квалитетот на нашите услуги,проширувајќи ги истите следејќи ги тековите на модерното време.
Нашата визија е да ги подигнеме стандардите на работењето во земјата, како и проширување на услугите и персоналот со можност нудење на истите надвор од земјата.